„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Комунална хигиена“ добива нови возила – Градот одвои 14 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
komunalna

По години во кои скопските служби за одржување на јавната чистота функционираа со исцрпена и дотраена механизација, „Комунална хигиена“ влегува во фаза на значително обновување. Советот на Град Скопје донесе одлука да одвои 14 милиони денари за купување специјализирани комунални возила, со кои службата ќе може поефикасно да ја извршува својата работа низ градот.

— реклама —

Покрај оваа финансиска поддршка, претпријатието ќе добие и две возила како донација од општествено-одговорни компании — чекор што, според градските власти, ја покажува довербата во процесот на модернизација.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук, порача дека решението на Советот го зацврстува концептот на рационално управување со буџетот:

— реклама —

„Со ваквиот модел на набавка, градот заштедува и 2 милиони денари преку повратот на ДДВ, средства кои, доколку градот сам ги набавуваше возилата, ќе беа целосно потрошени. Уште поважно, веќе е почната постапката во соработка со Владата на Република Македонија и Светска банка, за набавка на повеќе од 20 нови специјализирани комунални возила. Ова значи модерна механизација, поголема ефикасност и подобра услуга за сите жители на Скопје. Набавката на нова опрема е инвестиција која се враќа веднаш.“

Новите возила, кои се под гаранција, треба да стават крај на високите трошоци за сервисирање и одржување што ги создава старата механизација, дел од која е во употреба повеќе од дваесет години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања