Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ информира дека се соочува со енормно зголемени количини на комунален, кабаст и градежен отпад, како во контејнерите така и во нивната околина, на јавни и сообраќајни површини.
Поради тоа, како што соопштуваат од претпријатието, на одредени локации може да има доцнења во собирањето и транспортот на отпадот.
Жителите на главниот град веќе подолго време реагираат на преполни контејнери и несоодветни санитарни услови, а проблемот дополнително се влошува со растечките количини на смет.
Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните за поголема совесност при одлагањето на отпадот и најавуваат засилени активности за расчистување на критичните локации.
(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.
Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да г
Скопје | пред 9 месеци