„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Концептот на Царовска продолжува да го разорува образованието, кој би предавал вака концепирани предмети, прашува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
apasiev

Политичката партија „Левица“ со реакција околу најавените измени на образовните програми. Укажуваат дека плановите се лоши за образовниот систем во земајва, но и дека нема да има кој да ги предава предметите на учениците.

— реклама —

„Деновиве од страната на Бирото за развој на образованието се повлечени наставните програми по предметите Историја, Географија и Етика на религии, а дополнително се дознава и дека предметите Биологија, Хемија, Географија и Физика ќе бидат дел од еден предмет - Природни науки.

Се отвараат прашања кој би предавал вака концепирани предмети, на која катедра се обучени наставници кои ќе можат соодветно да пренесат знаења по наставен предмет кој во себе опфаќа низа различни образовно-научни области? Се наметнува прашањето дали крајната цел на овие активности е целосно и сосема да се разори образовниот систем во Македонија?!

— реклама —

Стручната и научна јавност уште со најавата на новата Концепција за образование од страна на тогашната министерка за образование, Мила Царовска, силно критикуваше поради контроверзноста на истата. Во јануари 2022 година, ресорот за образование го презеде Јетон Шаќири. Реакциите спласнаа, особено затоа што Шаќири има решено да се брани со молчење.

Колку што Царовска огнено ја бранеше инстант- концепцијата за реформи во образованието, толку Шаќири ја премолчува. Но, и покрај молчењето, евидентно е дека планира истата во целост да ја реализира, иако бројни прашања во врска со неа останаа отворени и неодговорени.

Така, на пример, во новата Концепција за основно образование се вели:

„Предметот Историја и општество опфаќа теми/содржини што припаѓаат на историјата, на делови од географијата, на граѓанското образование и на други општествено-хуманистички дисциплини и заедно со предметот Општество директно произлегува од подрачјето Општество и демократска култура од Националните стандарди“.

Стручни лица укажуваа дека станува збор за различни подрачја кои се неспојливи, се произнесе и Друштвото на историчари, Македонското географско друштво како и бројни експерти, но сите овие укажувања и реакции не допираат до Министерството за образование. Каде е сега Чешларов (директор на БРО во времето на донесување на Концепцијата) да објаснува дека Историја ќе се учи уште повеќе отколку досега?!

Левица останува на својот став дека Концепцијата за образование е штетна, погубна и креирана по теркот на туѓи интереси и ќе продолжиме активно да се залагаме за истата да не биде спроведена“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања