Коњановски остави на улица 20-тина вработени во Општина Битола, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
konjanovski-5-321328

Градоначалникот Тони Коњановски остави на улица 20-тина вработени во Општина Битола, ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Вработените вчера биле известени телефонски дека денес им е последниот работен ден во Општина Битола. Од утре, луѓето се оставени на улица, обвинува СДСМ.

— реклама —

„Дали градоначалникот Тони Коњановски во пресрет на новогодишните и божиќните празници прави чистка во Општина Битола?

— реклама —

Дали повод за посетата на партискиот шеф на Коњановски на Општина Битола беше кроењето на листа со партиски војници на ДПМНЕ кои ќе дојдат на местото на луѓето што со месеци беа ангажирани, а сега се оставени на улица?

— реклама —

Му кажа градоначалниче Коњановски на твојот партиски шеф кој вчера беше многу загрижен за вработените во РЕК дека ќе бркаш луѓе од работа?

Дали вака, со бркање од работа пред Нова година и Божиќ, градоначалчникот Тони Коњановски ја замислува новата иднина на Битола?

Ова е Битола за сите луѓе?

Градоначалниче Коњановски, за своите постапки не одговараш пред твојот партиски шеф Мицкоски, туку пред битолчани !

На битолчани треба да им објасниш зошто бркаш луѓе од работа пред Нова година и Божиќ, меѓу битолчани треба утре другиден пак да прошеташ, битолчани треба да ги погледнеш в очи и да им кажеш - Битола е за сите луѓе ! Освен за некои ! Среќна Нова година битолчани“ се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања