Ана Ѓуриќ Констракта, српската претставничка на овогодинешната Евровизија, во последните денови го подобри пласманот на обложувалниците и сепак најдобро котира меѓу сите земји учеснички во регионот.
Имено, Констракта и нејзината песна „In corpore sano“ се најдоа прво на 16. место, од вкупно 40 земји учеснички на овогодинешната Евровизија во Торино, а потоа паднаа на 19. место и сега повторно се искачија на 16.
Хрватска е на 30. место, Црна Гора на 37. позиција, додека последните две места (39. и 40.) ги заземаат Македонија и Словенија.
На прво место, со најголеми шанси за победа, како и сите претходни недели, се претставниците на Украина - музичката група „Клауш оркестар“ и песната „Стефанија“, додека на второ место се Италијанците, а на третото Шведска.