Контролирани 576 автобуси, 60 биле неисправни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-20-163627

Денеска (20.01.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Дозвола“ спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија на возила со кои се врши јавен превоз на патници, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

— реклама —

„Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје... Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување... Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци“, рече Ангеловски

— реклама —

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа ( кои исто така учествуваа во акциската контрола) преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

— реклама —

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, рече Ангеловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања