Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Контролорите на летови во Шпанија стапуваат во штрајк од 17 април на неопределено време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Контролорите на летање на 14 аеродроми во Шпанија, кои се под управување на SAERCO, најавија дека на 17 април на полноќ ќе започнат штрајк на неопределено време.

— реклама —

Со штрајкот ќе бидат опфатени аеродромите Ланзароте, Фуертевентура, Ла Палма, Ел Јеро и Ла Гомера на Канарските Острови, како и Севиља и Херез во Андалузија, Кватро Вјентос во Мадрид, Виго и Коруња во Галиција, Кастељон-Коста Асахар во Валенсија, како и аеродромите во Бургос, Уеска и Сиудад Реал.

— реклама —

Се очекува штрајкот да предизвика доцнења и измени во распоредот на летовите, поради што на патниците им се препорачува навреме да го проверат статусот на своите летови.

На штрајк повикаа Синдикатот на контролори на летање и Работничките комисии, наведувајќи управни проблеми како главна причина, меѓу кои недостиг на кадар, преоптовареност со работа и нередовни распореди. Според синдикатите, условите за работа довеле до натрупан замор и стрес, што негативно влијае врз ефикасноста и безбедноста.

— реклама —

Тие посочуваат дека често биле принудени да импровизираат во организацијата на работата, што се одразило и врз приватниот живот на вработените. Дополнително, наведуваат дека одобрените одмори биле откажувани, дежурствата продолжувани, а распоредите менувани во последен момент.

Синдикатите бараат зголемување на бројот на вработени, укинување на прекумерните дежурства и ненадејните измени во распоредот, гарантирање на годишните одмори и обезбедување услови за работа што ќе бидат усогласени со безбедносните стандарди и професионалното достоинство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Шпанскиот министер одбива да поднесе оставка по судирот на возовите со 69 загинати

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryb8m6aod3qjcv6kV6K9S

Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 69

Свет | пред 1 ден

media-libraryovvrem5ti963fQCGa14

(Видео) Протести пред Министерството за транспорт во Мадрид по железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица

Свет | пред 1 ден

media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

„Насекаде имаше куфери, тела и искршени прозорци“: Новинар раскажува за ужасот по судирот на возовите во Шпанија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања