Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Конвенција на шефовите на полиции во организација на Европол и претседавачот со ЕУ - Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6785

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, предводејќи ја делегацијата на македонската полиција вчера и денес (24/25.09.) во седиштето на Европол во Хаг, Холандија, присуствува на Европската конвенција на шефовите на полиции, настан организиран од Европол и актуелниот претседавач со ЕУ - Унгарија, посветен на низа теми од исклучително безбедносно значење, и на кој што практично учествуваат шефовите на полициите од земјите-членки на ЕУ, како и од оперативните и стратешките партнери за соработка.

— реклама —

На годинашнава конвенција тематски поделена на три работни панели, приоритет за дискусија имаа темите од областите на недозволената трговија со дрога; потоа проблематиката на онлајн измами; како и горчливото прашање за ефектите од сајбер нападите, дезинформациите и другите слични закани по полициското работење. Односно во фокусот беа поместени актуелни подрачја со коишто се соочуваат органите надлежни за спроведување на законот, а во контекст на растечките закани од сериозниот и организиран криминал, новите начини на делување на криминалните групи и иновативни решенија за справување со предизвиците во борбата против криминалот.

— реклама —
— реклама —

Инаку, вчера на маргините од настанот македонската делегација предводена од директорот Јанев имаше повеќе билатерални средби со делегации и шефови на полиции од Германија, Велика Британија, Словенија, Хрватска, како и со претставници на Службата за дипломатска безбедност на САД (US DSS).

— реклама —

На средбите покрај позитивните оценки за досегашната успешна партнерска билатерална полициска соработка беа актуелизирани и низа други прашања од заеднички интерес, а секако во насока на унапредување на постоечката соработка, како и во насока на квалитативно унапредување на истата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Тепачка со тврди предмети во Драчево, повреден 16-годишник и нападнат полицаец

Македонија | пред 14 минути

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Со огнено оружје запреле возило и ограбиле татко и син кај Сарај

Македонија | пред 15 минути

pijan-1

Под дејство на алкохол ја оштетувал покуќнината и се заканувал на семејството

Македонија | пред 16 минути

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Ќерка ја нападнала својата 72-годишна мајка

Македонија | пред 17 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања