Короната е широко раширенa, Јанкуловски дециден: Еден позитивен дома - сите позитивен, без опуштање!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2022-01-09-at-16.32.12

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски познат како Космонаутко, кој секојдневно на терен зема брисеви за коронавирус, состојбата ја оцени како „препозитивна“. Тој посочува дека нема селекција, се заболуваат млади и стари.

— реклама —

„Еден позитивен дома - сите позитивни, во најголем број случаи. На моменти ми се чини дека вирусов го има насекаде па и меѓу буквиве на тастатурава. Не е ни битно кој сој е, Омикрон, Флукрон или како и да ги крстат. Нека е и КојГоСмислиКрон. Според она што го гледам (мислам дека е така или барем се надевам) доброто во цела оваа каша попара од големиот број на позитивни случаи е сепак малата хоспитализација и релативно лесна клиничка слика но не кај секого, некои и потешко поминуваат, што укажува едно нешто многу важно:

— реклама —

Без опуштање и размислување како за нешто на кое не треба да му се придава значење, тогаш непријателот е најјак.

— реклама —

Затоа што никој ништо не знаеме а малку треба за голема беља. А доста ни е од бељи!!

Само прифаќање на фактот дека е тука меѓу нас и соодветно совесно однесување за себезаштита и заштита на сите околу нас.

Толку треба за да биде се како што треба, да биде се' во ред и нас да не биде.

И ќе биде.

Чувајте се. За дружби, за насмевки и прегратки во живо, за гуш и бац. За сето ова со сите што ни се сакани со кои сакаме и понатаму да го имаме секојдневието ЗАЕДНО.

За сите нив и секако за сите вас - Чувајте се“, напиша Јанкуловски-Космонаутко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања