Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Корумпиран албански олигарх стои зад сомнителната продажба на Жан Митрев клиниката, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
zan-mitrev-klinika

Додека граѓаните на Република Македонија преку донации молат за лекување во странство, нечовечната корумпирана власт на ДУИ-СДС оркестрираат криминално преземање на најголемата приватна болница во Македонија, вели Левица

— реклама —

„Вчера преку манипулативни нарачани текстови во медиумите беше објавено за наводна продажба на Жан Митрев Клиниката на „холандски“ фонд. Но, податоците од холандскиот Трговски регистар покажуваат дека зад оваа сомнителна зделка стои Клодијан Алајбеу, албански олигарх со низа коруптивни скандали во Албанија, Косово, но и во африканскиот континент!

Со цел да се скријат сомнежите за висока корупција и да се прикаже дека холандски фонд стои зад преземањето на клиниката Жан Митрев (која се гони кривично за измамничко профитерство), пред само еден месец Клодијан Алајбеу го има префрлено правното сопствеништво над холандската фирма, која ја купува Клиниката на холандска фондација-труст.

— реклама —

Но, овој контроверзен лик го има задржано правото над сите приходи од холандската компанија и Жан Митрев Клиниката преку потврди издадени од холандската фондација.

Клодијан Алајбеу, кој сега ќе профитира од маките на македонските граѓани и уништеното јавно здравство од троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, се поврзува со случаи на перење пари и корупција во Албанија и Зимбабве, но и финансирање на терористички организации во Турција. Ова ги подгрева сомнежите дека случајот со Жан Митрев се процесуира со цел да се изнуди продажбата на клиниката на моќници кои стојат зад криминалните елити на ДУИ и СДС.

Левица се залага за државно регулирање и ограничување на приватните болници и инвестирање во јавното здравство до кое бесплатен пристап и квалитетни услуги ќе имаат сите граѓани на Република Македонија, а не само богатите. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на бизнис-интереси на поединци поврзани со олигархијата на власт“, се вели во соопштението.

/%d0%ba%d0%bb%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd-%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%98%d0%b1%d0%b5%d1%83" rel="attachment wp-att-225472">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања