Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Кошаркар на Партизан доби условна казна затвор поради учество во тепачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryfaba7qhr46ij4lpFHym

Кошаркарот на Партизан, Карлик Џонс, е условно осуден на осум месеци затвор поради учество во тепачка што се случила на 5 мај минатата година пред клубот „Банк“ во Белград.

„Со пресуда на Првиот основен суд во Белград е прифатен договорот за признавање на кривично дело, врз основа на кој С.А.Џ. е осуден на условна казна од осум месеци со рок на проверка од две години поради учество во тепачка на 5 мај минатата година пред клубот ‘Банк’, во која еден млад човек беше тешко повреден. Медиумите претходно пишуваа дека С.А.Џ. е кошаркарот на Партизан, Карлик Џонс“, објави Танјуг.

— реклама —

Џонс е осуден за кривично дело тешка телесна повреда, додека против С.Б., И.Б. и Н.Ј., поради кривично дело учество во тепачка во истиот настан, е применет институтот одложување на кривичното гонење, односно опортунитет, соопшти Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Обвинителството наведе дека, по консултација со оштетениот кој се согласил со примената на опортунитетот за С.Б. и И.Б., донесена е наредба за одложување на кривичното гонење со која им е наложено да уплатат по 300.000 динари на сметката на оштетениот, додека Н.Ј. треба да уплати 100.000 динари.

— реклама —

Инцидентот се случил на 5 мај минатата година околу 4:30 часот пред угостителски објект, кога дошло до тепачка меѓу повеќе лица, во која учествувале тројца кошаркари на КК Партизан и други лица.

Во тепачката тешки телесни повреди добил Ј.К.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања