Владите на Албанија и на Косово, на денешната заедничка седница во Пеќ, договорија укинување на меѓусебните царини и такси, како и на роамингот во телфонскиот мобилен сообраќај.
Косовските претседател и премиер, во неколку наврати во изминатиот период најавија дека меѓу дветеземји наскоро нема да им гранични премини.
– Среќен сум за постигнувањата од оваа заедничка средба и убеден сум дека потпишувањето на деветте договори ќе води кон обединување на нашите економии и не само толку. Знам дека нашиот народ очекува многу од нас и ние ќе вложиме уште напори, затоа што само со работа ќе се стекнеме со почит од страна на другите – изјави Харадинај.
Според премиерот, Косово денес е партнер на Европската унија, ги спроведува приоритетите на европските реформи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и очекува укинување на визите за Шенген-зоната.
По овој потег на Косово и Албанија, Белград предупредува дека почнува на дело да се спроведува проектот Голема Албанија