Косовската полиција започна со акција за легализација на оружјето, а проценките се дека цивилите поседуваат меѓу 240 и 260 илјади парчиња останати од деновите на војната.
Колку за споредба, Косово има 1,8 милиони жители, војската би требало да има 5.000 припадници, па не е лесно да се дојде до заклучок колкави се размерите на вооружени цивили.
Овој податок е дополнителен проблем за Српскта влада.
Полицијата смета дека легализацијата на оружјата ќе овозможи Косово да стане побезбедна средина бидејќи според нивното мислење, далеку поголем проблем е што поголем дел од оружјето е илегално.
Инаку, проблем на огромното количество на оружје не е само косовската специфичност, туку и општата загриженост дека на западниот Балкан, од Хрватска до Македонија, се ‘скриени’ меѓу три и шест милиони парчиња оружје, покажуваат податоците на Европол, пишуваат хрватските медиуми.