Костадинов: Членството во НАТО носи конкретна помош во борбата против коронавирусот, обезбедени 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —

Со членството во НАТО, Република Северна Македонија оствари децениска стратешка цел и ја осигура безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет. Освен безбедносни гаранции, членството во НАТО за нашата земја обезбедува помош и поддршка и во справување со здравствената криза со коронавирусот. НАТО Алијансата за Република Северна Македонија обезбеди 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема во вредност од 1,4 милиони евра, како директна помош во справува со коронавирусот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

— реклама —

— реклама —

ont-weight: 400;">Ова, е доказ за силното сојузништво што Северна Македонија го гради со новите партнери во НАТО, доказ дека можеме да сметаме на поддршката на 29 земји членки на Алијансата.

Членството во НАТО значи помош и поддршка во секакви кризни ситуации во кои би се нашла нашата земја и затоа беше важно да станеме дел од овој силен меѓународен сојуз.

Покрај помошта од НАТО, за нашата земја, од страна на ЕУ обезбедени се 80 милиони евра макрофинансиска помош за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.

СДСМ како државотворна и одговорна партија продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина.

Остануваме целосно посветени на евроинтегративниот процес. Влеговме во НАТО, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања