Промени тема
Контакт

Костадинов: Ние сме НАТО, граѓаните ги живеат историските успеси, ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за националните интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Нашата таковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси. Ние сме НАТО. Во Брисел се одржа прв Самит на НАТО на којшто Северна Македонија учесуствуваше како полноправна и рамноправна земја-членка. На иста маса со најсилните, рамо до рамо со нашите сојузници со кои делиме исти вредности, посветени на колективната безбедност. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Костадинов додаде:

Обезбедена е нашата безбедност и стабилност и подобрена е безбедноста и стабилноста на целиот регион.

Додека премиерот Заев и нашата државна делегација работат за иднината на државата, за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубија во деструктивноста.

Откако им издишаа протестите и блокадите цела нервоза ја истураат во нови опструкции и блокади.

— реклама —

Таквата деструкција и немање ориентација во простор и време, ги доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.

Наместо да го поздрават државниот успех, наместо да честитаат за членството во НАТО и одржувањето на првиот Самит како рамноправни партнери, шират невистини за лажно загрозување на идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за македонските национални интереси и кога е власт, и кога е опозиција.

Одбивајќи да расчистат сами со режимот во самите себе, тие ѝ се одмаздуваат на сопствената татковина со неразумно и штетно делување, буквално во секој поглед.

Повеќе од јасно е дека оваа партија нема волја, ниту желба, уште помалку капацитет да се издигне над мрачното наследство кое им го остави Груевски. Тоа го покажа и снимката и зборовите на Жугиќ.

— реклама —

Сѐ додека раководството удобно безделничи и контрира на највисоките државни интереси, опкружено со ,,велелепни лустери, црвени теписи и махагони’’, нема аир од нив ни кога странува збор за здравство, ни за образование, уште помалку во односите со сојузниците и меѓународната заедница.

Впрочем граѓаните тоа шест пати по ред јасно им го ставија на знаење, но тие не се откажуваат од своите деструкции и заштита на криминалот и корупцијата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане опозиција, зачаурена во Белата палата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања