Промени тема
Контакт

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ зборува за конзензус, а блокира важни закони за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pero-Kostadinov-top-tema

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста зборуваат за единствено и консензус а во реалноста блокираат се што е во интерес на државата и граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „Топ тема“ на Телевизија Телма.

- Не треба едно да зборуваме пред јавноста, а друго да правиме со нашите реални постапки, но Законот со кој се овозможува трансформација на работниот однос на наставниците, на професорите е блокиран. ВМРО-ДПМНЕ блокира закони за кои чувствува дека носат придобивки за граѓаните, така беше и со пакетите помош за граѓаните во време на пандемијата од коронвирусот. Затоа не треба кај нас заложбите за дијалог и за соработка да бидат декларативни и за политички поени. Ние сме на овие функции за да испорачуваме директни резултати кон граѓаните и тоа што на граѓаните им е потребно. Ние мораме пред се граѓанството да го ослободиме од дневното политиканство, посочи Костадинов.

— реклама —
— реклама —

Во однос на работата на општините и нивното финансирање, Костадинов посочи дека се дејствува за зголемување на фискалната децентрализација што ќе обезбеди поголеми средства во општинските буџети.

— реклама —

Потпретседателот Костадинов истакна дека Владата предводена од СДСМ како никоја претхидно им помага на сите општини. Поддршката, додаде Костадинов е неселективна и тоа се покажува и преку ТАВ програмата и преку програмите на министерствата кои се дел од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања