Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Костовски: Бутел ќе добие две нови детски градинки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Kostovski11102021

Ви гарантираме дека за време на мојот четири годишен мандат, општина Бутел ќе добие две нови детски градинки, вели Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на Општина Бутел.

— реклама —

„Едната ќе биде изградена во населеното место Бутел еден, веднаш до ОУ „Св. Климент Охридски”, додека пак другата ќе биде изградена во населеното место Расадник. Со изградба на овие две детски градинки веруваме дека целосно ќе се надминат проблемите на родителите при упис на нивните деца во истите.

Почитувани, исто така гарантираме дека за време на мојот четири годишен мандат гарантираме дека населеното место Визбегово ќе добие ново, модерно основно училиште и со тоа ќе биде надминат деценискиот проблем на жителите на ова населено место.

— реклама —

Почитувани, борбата за нашите деца е најважната борба во животот и токму заради тоа гарантираме дека наведените проекти ќе бидат реализирани.

Заокружете го бројот 7 за сите заедно да ја трасираме иднината на нашите деца.

На крајот, би сакал да ви го честитам денешниот национален празник, 11-ти Октомври“, вели тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања