Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски тврди дека „Еуростандард банка“ е убиена, со намера. Тој смета дека неговата банка не требало да биде однесена во стечај во време на пандемија, бидејќи имало таква одлука од Владата.
„Еуростандард е убиена односно однесена во стечај со умисла. Народна банка има четири алатки за стабилизирање на банкарскиот сектор. Таа ја користи само едната алатка, редовни мерки, делумно прави вонредни мерки, но не одзема лиценци на ниту еден член на банката. Третата алатка е прескокната. Нам ни беше забранета присилната наплата меѓу 2 и 3 милиони евра. Зошто Еуростандард банка е однесена во стечај со умисла? Кога го сменивме стариот одбор, кој видовме дека е умешан во нелегалните трансанцкии без мое знаење, сакавме од нив да се откачиме. Кога почнавме да трагаме по парите, донесена е одлуката од сивата еминенција, Народна банка го направи сатарот“, кажа Костовски.
Смета дека ниту Собранието не го истражило случајот, преку комисијата надлежна да прави увид во работата на Народната банка.