Промени тема
Контакт

Ковачевски - Бомгартнер: Скопје и Париз испишуваат ново поглавје на соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20012022_PVRSM_sredba_FRamb-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го прими амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, амбасадорот Бомгартнер му честиташе на премиерот Ковачевски за изборот да раководи со Владата и посака успех во остварувањето на програмските приоритети.

— реклама —

На средбата беше истакнато дека од 2020 година, после средбата на претседателот на Француската Република Емануел Макрон со поранешниот премиер Заев, Франција и Северна Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк на компанијата „Акио Енерџи“ вреден преку 270 милиони евра, како прва инвестиција од Франција после 12 години и со влегувањето на Француската агенција за развој којашто во партнерство со Развојната банка на Северна Македонија планира значајни инвестициони проекти за поддршка на бизнис секторот, за локалната самоуправа, за граѓанскиот сектор и за други области.

— реклама —

Премиерот Ковачевски и амбасадорот Бомгартнер изразија подготвеност за исклучителна соработка во наредните месеци на планот на евроинтеграциите на Северна Македонија со цел за време на претседавањето на Франција со ЕУ да биде постигнат видлив напредок кој двете земји ќе ги приближи до остварување на целта да се одржи првата Меѓувладина конференција како почеток на преговорите на нашата земја за членство во Унијата.

— реклама —

Премиерот Ковачевски ги истакна традиционалните пријателски односи меѓу двете земји кои во поновата историја на Северна Македонија се поврзани со значаен придонес на истакнати личности од политичкиот живот на Франција како што се Роберт Бадентер, како претседател на комисијата за поранешна Југославија која во 1990 година потврди дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми за независност, како и Ален Ле Роа со својот придонес во постигнувањето на Охридскиот договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања