Промени тема
Контакт

Ковачевски да не ги држи во тајност одговорите за пакетот 5+1 кои се доставени до Бугарија, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
miteva

„Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу и ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот. Иако на излезот од неговата кариера реши да замине со обвинувања кон неговите довчерашни соработници тој по ништо не се разликува од Заев и Османи. Димитров заедно со Османи ќе останат запаметени како најнеспособните шефови на македонската дипломатија. Тие се пријатели по функција, непријатели кога таа не ги спојува“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава:

— реклама —
— реклама —

„Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции?

— реклама —

Додека СДСМ звучи какофонично и дава различни изјави во однос на спорот со Бугарија, Османи континуирано се раководи од предлозите на другите земји членки и секој добиен предлог нему му се чини како нова шанса за брзо решение без притоа да се заземе јасен став околу најкомплексното прашање за македонскиот идентитет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања