Промени тема
Контакт

Ковачевски да побара писмени гаранции дека Македонија нема да има апсурдни пречки кон ЕУ и нема да се задира во македонската историја, јазик и идентитет, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09022022_PVRSM_Kovacevski_Otvoren-Balkan_2

Димитар Ковачевски пропушти да изгради национално единство по Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев по повод јубилејот 150 години од неговото раѓање.

Патем не кажа што е спорно во текстот на декларацијата, туку само ја одби, што говори дека Ковачевски полесно му е да договара со Бугарија, отколку да гради единство дома во Македонија, со македонските политички чинители, македонската јавност и македонскиот народ.

— реклама —

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ конструктивно му предлага на Ковачевски тој барем еднаш да заземе сериозни позиции и за промена да побара писмени гаранции од Бугарија и Брисел.

— реклама —

Овие гаранции ќе потврдат дека нема да има ирационални и апсурдни пречки на евроинтегративниот пат на Македонија кои се целосно спротивни на европските вредности и во никој случај нема да има национално осакатување преку било какво задирање во идентитетот, историјата и македонскиот јазик.

— реклама —

Народот во Македонија заслужил европска иднина без условувања и дополнителни толкувања. Не може во никој случај да му се оспори револуционерната борба за слобода, антифашистичката и народно ослободителна борба која конечно се круниса со македонска државност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања