Промени тема
Контакт

Ковачевски денес да си даде оставка, ДУИ е развластена, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-0123

Ковачевски денес да си даде оставка, затоа што манипулативните политики на неговата Влада се разобличени. Излезе на виделина дека цело време ги лажеа и домашната и меѓународната власт дека имаат двотретинско мнозинство за уставни измени. За жал најголема жртва на ваквата нивна политика е Македонија и народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретен предлог кој на Македонија и нуди излез од евроинтегративниот ќорсокак и заштита на националните и државните интереси, заштита на македонскиот идентитет и јазик. Предлогот предвидува да се бараат гаранции од страна на европските институции за многувековниот македонски идентитет и јазик. Освен гаранциите од европските институции ќе се побара и конкретен финансиски пакет за поддршка на македонското стопанство. Дополнително уставните измени би стапиле на сила непосредно пред самиот влез во ЕУ, со што би се заштитиле од нови и нови блокади по некакви етнички и идентитетски прашања, а во исто време би се очекувало од страна на Бугарија како чин на пријателство да примени барем три од многуте пресуди на судот во Стразбур.

— реклама —

Патем ВМРО-ДПМНЕ смета дека еден од клучните моменти за релаксација на односите во македонското општество е одржување на избори оваа есен, за што и се предложени три датуми. Преодната влада до изборите би била без ДУИ и без криминогените структури од оваа власт. ДУИ е развластена и време е да преминат во опозиција каде што би го почнале процесот на реформирање и декриминализација. ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека оваа преодна влада во никој случај не значи амнестија на криминалот на постоечката власт на СДС и ДУИ, туку напротив ќе почне ослободувањето на правосудниот систем и одговорност.

— реклама —

Развластената СДС ја донесе Македонија во ќорсокак и нема што да прави. Затоа треба да го прифатат конкретниот план на ВМРО-ДПМНЕ и да покажат единство за националните и државните интереси. Власта е минлива работа за секој политичар и Ковачевски не смее да ја држи државата и народот во заложништво на неговата кариера. Не е страшно Ковачевски да го прифати тоа, бидејќи Македонија е многу поважна од било која фотелја и функција.

— реклама —

Ковачевски и СДС сега се на потег“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања