Промени тема
Контакт

Ковачевски до семејството на маестро Џамбазов: Нека му е вечен споменот, преку неизбришливите сеќавања на неговите настапи и неговaтa музика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
img-5772

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски присуствуваше на комеморацијата по повод смртта на композиторот и диригент Александар Џамбазов во Националната опера и балет и во таа прилика во име претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја предаде телеграмата со сочувство на семејството на маестро Џамбазов.

Во телеграмата со сочувство упатена од премиерот Ковачевски се вели дека со голема тага ја примил веста за заминувањето на еден од најистакнатите македонски композитори и диригенти, чие вонсериско творештво е своевиден амблем на македонската современа музика.

— реклама —

Заминувањето на личност каква што беше маестро Александар Џамбазов, пишува во телеграмата Ковачевски, е немерлива загуба за семејството и најблиските пријатели, колеги и соработници и за сите нас кои имавме привилегија да бидеме современици со него и неговото музичко творештво.

— реклама —

Маестро Џамбазов, истакнува премиерот Ковачевски во телеграмата со сочувство, беше тивок човек со беспрекорна репутација и огромни човечки и професионални квалитети чија страствена љубов кон музиката фрлаа посебна светлина на сцената додека диригираше со Танцовиот и Ревискиот оркестар, или додека сесрдно ги поттикнуваше и храбреше првите чекори на младите музички таленти на фестивалот „Златно славејче“.

— реклама —

„Нека му е вечен споменот, преку неизбришливите сеќавања на неговите настапи и неговaтa музика која ќе ја љубат и пренесуваат и идните генерации“, се вели во телеграмата со сочувство до семејството за смртта на композиторот Александар Џамбазов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања