Промени тема
Контакт

Ковачевски: Доаѓа ново време, со работа почнуваме веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Ви благодарам за дводневната дебата. Внимателно ве слушав и ви благодарам за поддршката, но и за критиките. Собранието е основното место каде треба да се дебатираат политиките, се презентираат аргументите и се наоѓаат решенијата. Искрено верувам дека опозицијата ќе биде конструктивна и ќе ги соработува во интерес на носење на најдобрите одлуки во интерес на граѓаните“, рече новиот премиер Димитар Ковачевски.

Тој посочи и:

Сосема на кратко. Легитимитетот на Владата е неспорен и со зголемената поддршка на мнозинството одржлив во следните две и пол години. Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но во 2024 година. До тогаш, ќе работиме посветено на унапредување на економијата и квалитетот на животот на секој граѓанин. Најавив и цврсто остануваме на нашиот модел за ефикасно управување и транспарентно, фокусирано и базирано на резултати.

Со работа започнуваме веднаш. Веќе на утрешната седница на Владата отпочнуваме со носење на решенијата за енергетската криза. Утре ќе остварам и средба со новата германска министерка за Европа, на која ќе разговарам за забрзување на евроинтеграциите.

— реклама —

Веќе во вторник, на мое огромно задоволство, ќе бидам домаќин на новиот бугарски Премиер, г-динот Петков, со кога сакаме да воспоставиме нова соработка, базирана на почитување, поддршка и зачувување на македонскиот идентитет и посебност.

Веднаш потоа, продолжуваме со решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните. Ќе се посветиме на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции.

Секој министер во својот ресор и целата Влада, имаат јасен и прецизен План за реализирање на поднесената Програма, со рокови и индикатори за следење на реализацијата и ефектите.

— реклама —

Најавив и нудам модел на партиципативност и уште еднаш ја повикувам целата опозиција за заедничка работа и консензус за клучните прашања. Нашите граѓани се обединети во барањата за подобар живот. За тоа единствено ќе работиме, и бараме сите да ни се приклучите да ја реализираме таа цел. Да престанат политичките, етничките и социјални поделби, да престане говорот на омраза и на ширење и поттикнување на песимизам. Да ги тргнеме личните и теснопартиските интереси на страна бидејќи сега повеќе од било кога мора да соработуваме во интерес на граѓаните.

Верувам дека ќе успееме да работиме и подобро и поефикасно. Верувам дека ќе ја подготвиме нашата држава за новото време. На сите граѓани им посакувам многу здравје, мир и спокојство во семејствата и ветување дека ќе направиме се да ја заслужиме и оправдаме нивната доверба и да обезбедиме подобар живот за сите.

— реклама —

Доаѓа ново време, доаѓа подобро време.

Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања