Промени тема
Контакт

Ковачевски е администратор на владата водена од ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-41234

Јавна тајна е дека Димитар Ковачевски е администратор на владата водена од ДУИ, и на тоа место е само затоа што треба да го добие поразот од кој Заев избега, но поразот не му бега на СДСМ, а Заев нема да избега од одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Димитар Ковачевски вечерва исто така призна и дека тој бил на докторски студии во Црна Гора, додека неговиот татко бил амбасадор во таа земја.

— реклама —

За неговите лаги дека има образование на Харвард, го повикуваме јавно да го покаже алумни бројот, доколку го има. Доколку нема, посетувал само курс.

Пиунот Димитар Ковачевски не покажа никаква разлика во однос на Заев. Истите флоскули и празни ветувања на Заев од пред 5 години, кои не ги реализира цел мандат, сега ги преповторува Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски вели дека ќе се бори против криминал и корупција, а го остава Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, тој е министер во чие време од кривична пријава за рекет во РЕК исчезна името на Вице и никој не беше повикан на одговорност, додека е тој министер тони дрога се шверцаа низ државата, а апсеше партнерската ДЕА, наместо МВР. Заради Спасовски сме ј на врвот на листата на корупција во Европа, а на скалата на Транспаренси сме на 111-то место.

— реклама —

Пиунот Ковачевски е само продолжена рака на заевизмот. Со него нема просперитет, само уназадување. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања