Промени тема
Контакт

Ковачевски е копија на Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-kovacevski

Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата ќе биде наследник и пиун на Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер - градоначалник на Куманово.

Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра.

— реклама —

На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер.

— реклама —

Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице, плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран.

Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор.

— реклама —

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања