Промени тема
Контакт

Ковачевски - Галовеј: Скопје и Лондон имаат заеднички интерес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20012022_PVRSM_sredba_UKamb-3

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните.

Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство.

— реклама —
— реклама —

Претседателот на Владата Ковачевски потсети дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер, и дека народот на Северна Македонија ја памети таа одлука како една од најзначајните во процесот на нашата евроинтеграција.

— реклама —

Амбасадорката Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија. Таа истакна дека Обединетото Кралство е силен и долгогодишен партнер на Северна Македонија и ги поддржува нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме заедно на просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Северна Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања