Промени тема
Контакт

Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Пиунот Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%.

— реклама —

Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари.

Стандардот е нагризен уште од порано. Димитар Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува.

— реклама —

Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари.

— реклама —

Лошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикаа. Потребни се реални промени, а тоа е можно само со предвремени парламентарни избори и нова влада“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања