Промени тема
Контакт

Ковачевски и Маричиќ го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет, тврди Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51826955455_428e5125a5_k

„Согласно владиниот став искажан од Бојан Маричиќ очекуваме денеска во владата да биде искажан совет до бугарскиот премиер дека не е работа на Бугарија да, цитирам „да кажува каде какво малцинство има во регионот“, и дека „тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот““, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, отворање на преамбулата.

Второ и многу важно, е Маричиќ и Ковачевски да кажат дали прифатиле Анекс договор којшто ќе ги преформулира членовите на Договорот за добрососедство, согласно коишто би се променила улогата, формата и целите на комисијата за историски прашања. Маричиќ јасно посочува „нова форма“ и го поставува прашањето дали таа комисија воопшто ќе егзистира, и во која форма“.

— реклама —

Ова почитувани може да значи само едно, а тоа е промена, односно Анекс на договорот, за којшто Владата крие и молчи.

— реклама —

Почитувани,

Пиуните на Заевизмот од прв ден ги нарушија позициите на Македонија. Маричиќ и Ковачевски продолжуваат со националните понижувања, што беа одлика на Зоран Заев.

— реклама —

Пиуните на Заев, и Ковачевски и Маричиќ, го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет, како основа за добри меѓусоседски односи. Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое што преставува и континуитет на срамните политики на заевизмот.

Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, и затоа што поскоро мора да биде поразен на избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања