Промени тема
Контакт

Ковачевски: И во услови на криза одржуваме ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и стабилен финансиски сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20022022_PVRSM_Sredba_MMF_3

На маргините на Минхенската безбедносна конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Премиерот Ковачевски го истакна како многу значаен ангажманот на ММФ во справувањето со КОВИД-19 пандемијата во нашата земја. Како исклучително корисни ги посочи и препораките на ММФ за дизајнирање и спроведување на идните реформи кои ќе овозможат справување со предизвиците од пандемијата и енергетската криза.

Претседателот на Владата Ковачевски нагласи дека Северна Македонија влезе во пандемијата со солидни макроекономски основи, и како и во текот на предкризниот период, одржуваше ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и стабилен финансиски сектор.

— реклама —

Ефективната поддршка на ММФ на овие политики, посочи премиерот Ковачевски на средбата, помогна да се ублажи економското и социјалното влијание на кризата од КОВИД-19.

— реклама —

Премиерот дополни дека со поддршка од финансиските инструменти на ММФ, владата спроведе шест пакети фискални мерки за да помогне во решавањето на проблемите со ликвидноста на фирмите, да ги заштити работните места , и ги поддржа најранливите преку субвенции за плати, одложување на даноци, субвенционирани заеми и гаранции за заеми за фирмите, поддршка специфична за секторот, инвестициски стимулации и финансиска поддршка за домаќинствата со ниски приходи.

Како еден од резултатите на овие мерки, стапката на невработеност на крајот на 2021 година, во екот на пандемијата се намали на историски 15,7 отсто, за разлика од стапката од 32,1 отсто во 2010 година.

— реклама —

Премиерот Ковачевски на средбата со директорката на ММФ Кристалина Георгиева истакна дека Владата е целосно посветена на реформите во управувањето со јавните финансии. Во согласност со препораките на ММФ, на Светската банка и на Европската Унија, посебно внимание се посветува како на подобрена транспарентност така и на дигитализирање на процесите во Царинската управа и Управата за јавни приходи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања