Промени тема
Контакт

Ковачевски - Лајчак: За ЕУ, Македонија е партнер од доверба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19022022_PVRSM_Kovacevski_sredba-so-Lajcak_3

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција, при што на маргините на настанот оствари средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На средбата на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство.

— реклама —

Претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак упати силна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оцени нашата земја како доверлив партнер на Унијата. Лајчак изрази и задоволство од досегашните заложби и ги оцени како значаен придонес кон конечната одлука за усвојувањето на Преговарачката рамка и за закажувањето на првата Меѓувладина конференција во мандатот на Република Франција како претседавач со Европскиот совет.

— реклама —

На средбата стана збор и за унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, меѓу што и за охрабрувачкиот процес „Отворен Балкан“.

— реклама —

Во регионален контекст, премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија ги поддржува сите форми на дијалог меѓу Белград и Приштина, а изрази и поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на стабилна и безбедна Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања