Ковачевски: Македонската економија со СДСМ бележи раст и развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска беше во посета на Гевгелија при што ја посети компанијата, ДИЕМ-ГП, успешна компанија од преработувачката индустрија, во 100% домашна сопственост, која речиси 30 години расте и се развива. Производите на компанијата ДИЕМ-ГП се препознатливи на македонскиот пазар, а се извезуваат и во повеќе земји низ целиот свет.

— реклама —

„Ова е една од илјадници компании кои се доказ дека во Македонија има поволна бизнис клима и дека државата е сигурен партнер и обезбедува поддршка на домашните компании. За тоа најдобро говорат бројките. Во периодот од 2017 до 2023 година обезбедивме финансиска поддршка од 100 милиони евра за вкупно 919 компании кои резултираа во половина милијарда евра инвестициски циклуси за компаниите. Со тоа ја зголемивме отпорноста на домашните бизниси во време во кое светот се соочуваше со една од најголемите кризи, а дополнително се креираа и нови работни места, се генерираа инвестиции и се овозможи раст на платите.“ истакна Ковачевски во изјавата за медиумите по посетата на ДИЕМ - ГП во Гевгелија.

— реклама —

Претседателот Ковачевски се осврна и на последните податоци на Државниот завод за статистика, според кои индустриското производство во јануари 2024 година во споредба со минатата година е пораснато за 2,8 проценти, а конкретно преработувачката индустрија бележи раст од 8,1 проценти.

— реклама —

„Овие бројки се дел од показателите дека македонската економија закрепнува и дека има потенцијал за раст. Владата предводена од СДСМ покажа дека знае да креира економски политики, знае да го поддржува бизнис секторот, да соработува со него и дека буџетската поддршка ја насочува кон реалниот сектор и кон компании кои може да стимулираат реален раст и да го зголемат извозот.“ рече Ковачевски

Говорејќи за плановите по изборите Ковачевски рече дека СДСМ води реални и одржливи економски политики кои даваат резултат и дека поддршката на компаниите ќе продолжи и досегашните 100 милиони, ќе се зголемат најмалку за 50%, за да можат домашните компании што повеќе да инвестираат и да се развиваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања