Промени тема
Контакт

Ковачевски мора веднаш да го разреши Мишко Ралев од ИО на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ralev

Пиунот Ковачевски уште не дојден на позиција премиер, продолжи онаму каде што застана неговиот наредбодавател Зоран Заев со кршење на законите, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Во стилот на заевизмот Ковачевски го прекрши Законот за високо образование и во Извршниот одбор на СДСМ го именува деканот на Факултетот за архитектура и дизајн Мишко Ралев. Иако законот во член 114, став 3 е јасен дека декан не смее истовремено да биде на друга јавна функција, уште помалку функција во политичка партија.

Очигледно пиунот на Заев, Ковачевски како и неговиот ментор не го почитува законот кој го донесе неговата партија и смести декан во највисокото раководно тело на СДСМ

— реклама —

Со ова Ковачевски уште пред да стане официјално премиер дава до знаење дека во Македонија продолжува заевизмот, продолжува хибридниот режим.

— реклама —

Ковачевски мора веднаш да го разреши Мишко Ралев од ИО на СДСМ, а доколку не го направи тоа, самиот Ралев треба да се повлече од позицијата декан на Факултетот за Архитектура и дизајн.

Доколку не го направат тоа ќе потврдат дека не само што продолжува заевизмот, туку и дека продолжува партизацијата на институциите и уништувањето на македонското образование кое поради СДСМ од ден во ден тоне се повеќе.

— реклама —

Со Ковачевски нема промени, тој само е продолжена рака на Зоран Заев, затоа на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања