„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада“, посочи Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ.
„Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, напиша Ковачевски.