Ковачевски не му дава избори на Мицкоски, ќе треба да чека до 2024 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
17012022_VRSM_1vaSednica-3

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека не е време за предвремени парламентарни избори. Тој повтори дека следните избори ќе бидат редовни, во 2024 година, а дотогаш сите партии ќе имаат време да постигнат консензус за укинувањето на „пржинската влада“.

— реклама —

„Во однос на прашањата што беа отворени во изминатиот период доминантно од опозицијата, ние како партија и јас како претседател на СДСМ и претседател на Владата веќе дадовме став дека во моментов државата се соочува со неколку големи предизвици, а тоа е прво справувањето со здравствената криза, справувањето со енергетската криза. Имавме и справување со топлинската криза во Градот Скопје, а исто така имаме и отворен процес, активен, на разговори со нашиот сосед со Република Бугарија а со цел одржување на прва меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со ЕУ. Оттаму сметаме дека оние прашања коишто не се во насока на исправување со најголемите предизвици само претставуваат дефокусирање од оние проблеми коишто се најважни да се решат за нашите граѓани“, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

— реклама —

И во интервју, Мицкоски се заложи за вонредни избори.

— реклама —

„Ценам дека час поскоро, ако се одговорни и ако им мислат добро на граѓаните и на Македонија, треба да седнеме на една лидерска средба, да ги договориме правилата на игра и да одиме на предвремени парламентарни избори. Има неколку начини до предвремени парламентарни избори, ја разработуваме стратегијата, институционална и вонинституционална. Ние ќе продолжиме и понатаму да правиме притисок и да бараме предвремени парламентарни избори затоа што ќе повторам дека тоа е добро за државата“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања