Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ковачевски: Нема откажување од иднината, по изборите, ќе имаме проевропска влада предводена од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски е победничкиот кандидат не само за изборите туку и за Северна Македонија, тој е еден модерен, прогресивен политичар кој застапува и традиционални македонски вредности меѓутоа и европски вредности, тој ја гледа и работи на тоа земјата да стане членка земја на ЕУ. - посочи Ковачевски во денешното интервју во утринската програма на Слободен печат.

— реклама —

Тој во текот на својот 5 годишен мандат покажа дека е интегритетна личност, чесна личност, која што работеше во интерес на државата и на граѓаните, граѓаните не ги делеше по ниту еден основ туку напротив делуваше обединувачки, секој од него беше третиран на ист начин без разлика на неговата индивидуална определба по било кој основ.

— реклама —

Сигурен сум дека Стево Пендаровски ќе ја добие поддршката од граѓаните, не само до СДСМ, не само од нашите коалициони партнери, туку од сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка или политичка или било каква друга припадност и во првиот и во вториот круг на изборите и на тој начин после 8 мај Северна Македонија ќе има и проевропски претседател Стево Пендаровски и проевропска влада која повторно ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери. - дециден беше Ковачевски

— реклама —

Таа влада и претседател имаат јасен план како државата да продолжи во евроинтеграциите, како државата да продолжи во економскиот развој, во развојот на демократијата, во развојот на социјалната правда, како до 2028 година да го завршиме процесот на преговори со ЕУ и како ратификацијата на тие преговори успешно завршени да заврши до 2030 година и да станеме земја членка на ЕУ. Јас знам дека за дел од граѓаните ова делува прилично заморно со оглед на патот кој што Македонија го има поминато до сега во евроатлантските интеграции меѓутоа ние друга алтернатива немаме, и ние немаме право да се откажеме од својата европска иднина и затоа на моите настапи можете многу често да ме слушнете каде што кажувам дека нема откажување од иднината која што е иднина на европска Македонија. - истакна Ковачевски во инмтервјуто за Слободен печат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања