Ве известуваме дека на 7.2.2022 година (понеделник) во 11:45 часот, премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ќе ја посетат фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип.
По обиколката на фабриката предвидени се изјави за медиумите во 12:20 часот. Ве покануваме да ги следите изјавите почитувајќи ги протоколите за спречување и заштита од коронавирусот, носејќи заштитни маски и одржување на растојание.