Димитар Ковачевски, кандидат за лидер на СДСМ, најавува дека партијата мора да го засили дејствувањето на месните одбори, потенцирајќи дека неговата партија ќе мора да научи да ги вреднува најактивните и најпосветените членови.
„Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата.
Најактивните и најпосветените членови се тие кои партијата мора да ги вреднува и почитува.
Мора да ги активираме и пасивизираните членови, но и да привлекуваме нови, компетентни и мотивирани луѓе да се приклучуваат во партијата.
Како иден претседател главна цел ќе ми биде да изградиме фер внатрепартиски систем и евалуација на придонесот на секој активист. Само така ќе имаме мотивирано членство кое ќе придонесува за партијата и државата“, пишува Ковачевски на својот фејсбук профил, а кој веќе почна да ја претставува својата програма пред граѓаните.