Промени тема
Контакт

Ковачевски преговара со Бугарија за Гоце Делчев затоа не ја прифаќа Декларацијата, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
23102019_VRSM_svezo_cvekje_spomenikot_Goce_Delcev_5

„СДСМ со денови молчи и не одговара што и смета и што е спорно во предложената Декларација која го афирмира ликот и делото на Гоце Делчев. Никој освен власта на пиунот Ковачевски не гледа спорно во тоа соодветно и достоинствено државата и институциите да го одбележат јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Што има лошо во тоа медиумите со соодветна содржина да се приклучат кон одбележувањето, во тоа да се издаде поштенска марка, или да има дополнителна наставна содржина во училиштата за неговото дело? Што има лошо во тоа научните институции да го афирмираат значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија?

Никој, ама баш никој не гледа ништо спорно освен власта, која само одби и не кажува аргументи против.

— реклама —

Нивниот молк гласно говори. Ова отвора сомнеж дека власта на СДСМ и ДУИ предводена од пиунот Ковачевски се влезени наголемо во нов пазар со македонските национални интереси. Евентуалниот пазар со револуционерното дело на најголемиот македонски син Гоце Делчев и распродажбата на македонската историја се удар и врз идентитетот и врз темелите на Македонија како држава.

— реклама —

Власта на пиунот Ковачевски мора да одговори, а не кукавички да се кријат од својот народ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања