Промени тема
Контакт

Ковачевски: Презедовме чекори, спречиме големи ценовни шокови за граѓаните и стопанството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-888

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Алсат-М истакна дека Владата ги презеде сите неопходни чекори уште на почетокот на енергетската криза за да се ублажат ценовните шокови за граѓаните и стопанството.

— реклама —

„Го намаливме ДДВ-то за резиденцијалните потрошувачи, односно за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5% бидејќи го предвидовме ова што се случува. Издвоивме финансиски средства во буџетот во значителен износ со цел да можеме да извршиме субвенционирање на трошоците за електрична енергија која што граѓаните ја плаќаат, за да не се случи ценовен шок за граѓаните и тоа не се случи бидејќи има држави каде што за 50-60% е покачена цената на струјата“, рече претседателот на Владата Ковачевски во телевизиското интервју, и дополни дека од оваа перспектива со мерките што се преземаат континуирано сѐ уште се држиме до основното сценарио во однос на цената на електричната енергија.

— реклама —
— реклама —

Премиерот Ковачевски посочи дека предвидувањата укажуваат дека кон средината на оваа година ценовниот притисок ќе се намали и дека ќе следува стабилизација на цените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања