Промени тема
Контакт

Ковачевски: Решавањето на политичките прашања помеѓу Македонија и Грција, отвори простор за развој на економските односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28012022_PVRSM_Sredba-so-ambasador-na-Grcija_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Русос Кундурос, амбасадор на Хеленската Република во нашата држава.

На состанокот се изразени честитки за изборот на премиерот Ковачевски и новата Влада и е констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области од значење за граѓаните.

Пренесена е и силна и недвосмислена поддршка од Грција и премиерот Кирјакос Мицотакис, за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во најскоро време.

— реклама —

Оценето е дека европските интеграции на Западен Балкан се придонес во регионалната стабилност, можност за имплементација на европските стандарди во државите, а со тоа и развој на регионот, што се гледа како придобивка за сите.

— реклама —

Премиерот Ковачевски се заблагодари на амбасадорот Кундурос за поддршката од грчкиот премиер и од Хеленската Република за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите, по членството во НАТО.

„Решавањето на политичките прашања помеѓу Северна Македонија и Грција со Договорот од Преспа, отвори простор за развој на економските односи. Како држава, учествуваме во енергетскиот проект Александропули, трговската размена со Грција е добра и тоа се само некои показатели дека односите меѓу државите се одвиваат во позитивен правец и во таа насока и ја продожуваме соработката“, рече премиерот Ковачевски.

— реклама —

На средбата е разговарано и за други актуелни прашања од значење за двете држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања