Ковачевски: СДСМ има јасна визија и план како да станеме членка на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

СДСМ има многу јасна визија за Северна Македонија како земја членка на ЕУ, имаме многу јасен план како тоа да го направиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

— реклама —

СДСМ е партијата која обезбеди кандидатски статус за членство во ЕУ, која што обезбеди членство во НАТО и која обезбеди отпочнување на преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Затоа велам, без СДСМ не постои европска Македонија. ЕУ за нас е единствена алтернатива од аспект на тоа што таа значи економски прогрес, обезбедување на економијата, значи социјална правда, и значи унапредување на демократијата. Да не заборавиме дека до 2016 година бевме заробена држава, без слободни медиуми и со комплетно партизирана админситрација која се злоупотребуваше од страна на ДПМНЕ, партија во тоа време на власт. И затоа велам дека она што го направивме нуди доволно аргументи дека во наредните 4 години СДСМ со проевропската влада која ќе ја предводиме ќе обезбеди членство на Македонија во ЕУ., рече Ковачевски.

— реклама —

Од друга страна ВМРО – ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања