Промени тема
Контакт

Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

„Од тоа што го слушам во јавноста политиките се исти што ќе ги води Ковачевски. Јас не видов тој да каже ова ќе го работам, од ова ќе се оградувам“, рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5.

„Првиот впечаток е дека тој, Димитар Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев. Ако тој е слеп поклоник на политиките на заевизмот тогаш се е исто. Погледнете каков декор е. Каков декор беше на средбите со Заев во Елбасан“, рече Мицкоски.

— реклама —

Според него сега нема ништо ново, туку само слеп поклоник и послушник на политиките на Заев.

„Затоа и за него ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи“, посочи Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски во текот на емисијата посочи дека неговата последна комуникација со Заев била поврзана со договорот со источниот сосед.

— реклама —

„Па имавме една комуникација, кога се проструи во јавноста дека се преговара за спорот со нашиот источен сосед. Во таа комуникација, сега е непристојно јас детали да вадам, но генералната моја поента беше да не попушта на притисоците бидејќи македонскиот народ и македонската држава немаат веќе што да даваат, ниту пак што да губат. И дека тука сум јас, тука е и ВМРО-ДПМНЕ ако му треба поддршка во таа одбрана на македонскиот идентитет, дека му стоиме на располагање“,истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања