Промени тема
Контакт

Ковачевски со честитка за Божиќ: Да создаваме добри дела и да си помагаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-kovacevski

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање- Божиќ во свое, и во име на СДСМ упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Д-р Киро Стојанов.

„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови.

— реклама —

Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што славејќи го Христовото раѓање, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и меѓусебното помагање.

Тоа се вредностите кои заеднички градат поубав свет за сите.

— реклама —

Драги сограѓани, драги верници, да продолжиме да негуваме добри мисли, да правиме добри дела, не само денеска туку секој ден во годината.

— реклама —

Нека е честит и благословен големиот празник Христово раѓање – Божиќ, нека донесе спокој и радост во вашите домови и вашите срца“ се наведува во честитката на претседателот на СДСМ, Ковачевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања