„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачевски: Свесни сме дека не е доволно, во новиот мандат минималната плата од 600 евра и просечната плата над 1.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Јас сум оптимист во однос на резултатот на изборите бидејќи имаме многу јасна програма со која ќе се претставиме пред граѓаните. Ние нема да даваме лажни ветувања, нашата програма е веќе готова. Ќе бидат адресирани оние најважни прашања како зголемување на платите, на пензиите - истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во денешното интервју во утринската програма на Слободен печат.

— реклама —

Точно е дека ги зголемивме платите. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на 23 000 денари. Просечната плата на 650 евра што е дупло повеќе од она што беше претходно до 2016 година. Но, јас сум свесен дека постојат граѓани во нашата држава и јас сум граѓанин како и сите други. И јас имам дома родители кои се пензионери, знам дека луѓето поминуваат низ еден тежок период, знам дека има родители кои што понекогаш легнуваат и гладни навечер, за да можат да обезбедат финансиски средстсва за своите деца кои им се потребни во текот на денот. Знам дека има пензионери кои врзуваат едвај крај со крај. - посочи Ковачевски.

Затоа програмата на СДСМ содржи многу јасни претпоставки во однос на понатамошни зголемување на платите, на поддршката за инвестиции, отворање на нови подобро платени работни места, зголемување на пензиите и секако продолжување на евроинтегративниот процес.

— реклама —

Знаете дека беше критикувано нашето ветување за просечна палта од 500 евра до 2024 година, докажавме дека тоа може и да се надмине. Во времето кога јас работев заедно со мојот тим на воведување на методологијата на раст на минималната плата и зголемување на минималната плата дента кога дојдов практично за претседател на владата економистите на ВМРО-ДПМНЕ беа против, тие сметаа дека ќе пропаднела економијата, дека тоа ќе влијае негативно на бројот на работни места, ќе влијае негативно на просечната плата и тн, се покажа дека не биле во право ,се покажа дека јас и мојот тим сме во право бидејќи во исто време имавме и зголемување на минималната плата, имавме и зголемување на просечната плата и намалување на невработеноста, потенцираше Ковачевски.

Програмата на СДСМ предвидува зголемување на минималната плата на ниво од 600 евра, на просечната плата над 1000 евра. Предвидува и понатамошно намалување на невработеноста, а поокажавме дека невработеноста може да се намали од 25% на 12,8%. Предвидуваме 50% зголемена финансиска помош за поддршка на инвестиции на компаниите, таа помош планираме да ја зголемиме на 150 милиони за домашните компании до 2028 година, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања