Ковачевски треба да избере нови луѓе, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spasovski

Министерот Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и дека се потребни нови луѓе со нови визии.

— реклама —

Ова Спасовски го кажа вечерва од студото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“, додавајќи дека Ковачевски треба да направи избор од нови луѓе кои ќе му бидат блиски соработници.

— реклама —

– На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим – рече Спасовски.

— реклама —

Значи ли ова дека нема да бидете дел од новото раководство на СДСМ…

– Јас го кажав како став, што сметам јас. Дека треба можеби нови луѓе, луѓе кои се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои имаат една поинаква визија, а ние ќе бидеме тука да направиме еден чекор на растењето на СДСМ – вели Спасовски.

Спасовски смета дека СДСМ не е премногу ослабена партија, но смета дека нешто во партијата треба да се промени.

– Јас сум 27 години член на СДСМ, и растев и се градев и се развивав низ оваа партија, и за мене е најважно што ќе се случува со СДСМ. А една од причините е секогаш кога СДСМ е силна, има напредок и просперитет за државата, и обратно, секогаш кога СДСМ е слаба, нема напредок – вели министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања