Промени тема
Контакт

Ковачевски „уценет“, доби закани за протести ако не го исполни барањето за зголемување на минималната плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21012022_PVRSM_EUcom-1

Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски е децидден дека ако нема минимална плата од 18.000 денари, тогаш, Македонија ќе биде блокирана со протести.

Повеќе од сигурно ќе очекувате бидејќи ние немаме назад каде да одиме, толку сме притиснати од луѓето, од членството, работниците да нема што ние да попуштаме или да преговараме за понизок износ. Она што ќе го видите од четврток натаму ќе биде токму тоа – блокирање на фабрики, институции, улици и.т.н“, порача Пешевски

Минатата недела не беше постигнат договор. Синдикатите ги обвинија работодавачите дека даваат несериозни предлози и наместо да го гледаат најдоброто за работниците, тие ги гледаат само своите интереси. Работодавачите пак, бараат доколку ги покачат платите до 18.000 денари, тогаш Владата да им ги субвенционира придонесите. За работодавачите е прифатливо минималната плата да биде 16.300 денари.

— реклама —

Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

— реклама —

Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците.

– Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, пишува Ковачевски.

— реклама —

Разговорите, според најавите, треба да продолжат откако денес на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања