Ковачевски ветува ваучери за струја за 45.000 граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Ваучери од 1.000 денари ќе добијат 45.000 граѓани од ранливите категории за да ги покријат своите сметки за струја во зимските месеци кои доаѓаат, објасни вечерва на ТВ Сител претседателот на СДСМ и премиер во најава, Димитар Ковачевски. Тој рече дека Владата предвидела и намалување на ДДВ-то за струја од 18 на 5 отсто во случај на криза.

— реклама —

Ковачевски уверуваше дека нема да има ценовен шок и рестрикции, иако одлуката за цената на струјата ја носи Регулаторната комисија за енергетика. Уште повеќе, енергетските компании веќе имаат добиено парична помош од Владата за оваа година, а оставена е ставка во Буџетот и за идната.

— реклама —

– Ако зборуваме за енергетската криза во македонски контекст, фер е да кажеме дека во изминатите 30 години во државата не е инвестирано во ниту еден нов енергетски капацитет. Единствено сега имаме нови инвестиции финансирани дел од државниот буџет, дел со јавно-приватно партнерство во насока на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори – истакна Ковачевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања