Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема план за европска идина, ја продолжуваат политиката на Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

ВМРО – ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревју за Слободен печат.

— реклама —

Тоа од една страна покажува дека тие ја продолжуваат политиката на Никола Груевски, нивниот поранешен претседател, со оглед на тоа дека тоа беа истите ставови кои ги слушавме во тоа време. Ако го видите нивниот претседателски кандидат, тоа се повторно истите ставови и затоа велам дека со нив Северна Македонија повторно ќе се врати во некакви чекални, во некакво мрачно минато во некакви недемократски процеси и на назадување на економските процеси, рече Ковачевски.

— реклама —

Ние нудиме јасна визија и надеж за македонските граѓани и затоа велам дека овие избори ќе бидат избор меѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ВМРО-ДПМНЕ, доде Ковачевски.

— реклама —

Ние нудиме надеж, евроспка интеграција, подобар животен стандард, повисоки плати, пензии, повисоки субвенции за земјоделците. А од друга страна имаме еден нејасен концепт, којшто кога ќе ги прашате ВМРО – ДПМНЕ дали имаат план, тие ви кажуваат – па ќе видиме после избори – и докажаа дека се она што го ветуваа се лажни ветувања. Погледнете го само градот Скопје, се изнаслувашвме еден куп ветувања, но денес Скопје е град кој назадува, повалкан не бил никогаш од своето постоење ветрувам. И граѓаните знаат да ценат кој е тој кој ги исполнува совите ветувања а кои се тие кои даваат единствено лажни ветувања, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања