„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачевски: Во новата програма раст на земјдоделските субвенции за извозот да достигне 1,25 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

СДСМ ги зголеми субвенциите за земјоделство, воведе нов модел за субвенционирање и растот на субвенции ќе продолжи со новата програма на СДСМ, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју во утринската програма на „Слободен печат“.

— реклама —

„Со новата програма предвидуваме зголемување на субвенциите за земјоделците на ниво од 750 милиони евра до 2028 година, што ќе влијае позитивно и на производството и на извозот на земјоделските производи кои го проектираме да достигне 1,25 милијарди евра во 2028 година. Докажавме дека можеме и тоа можеме го направиме. Вие погледнете само во делот на производството на грозје, на вино, Северна Македонија стана земја број еден во регионот по извоз на вино, и пред Србија, Грција, Бугарија и пред Хрватска и пред Словенија, 13-та земја извозник на вино во светот. Ние веќе имаме приходи од извоз на вино од кои над 50% е флаширано вино, што не беше случај во минатото и имаме приход од извоз на вино над 60 милиони евра“, рече Ковачевски.

Во интервјуто Ковачевски посочи дека поддршката за земјоделството ќе биде рамномерно за сите земјоделски гранки. Воедно потенцираше, дека со правилните политики на СДСМ, Северна Македонија стана земја лидер по искористеност на европската ИПАРД Програма.

— реклама —

„Одлуките кои ги донесовме беа вистинските и правилни одлуки за државата. Обезбедивме членство во НАТО и по 17 години обезбедивме почеток на преговорите со Европската Унија. Тоа од друга страна обезбедува подобра соработка со ЕУ, со европските институции, обезбедува поголема финансиска помош и поддршка од страна на Европската Комисија. Северна Македонија има најголемо ниво на искористеност на средства за земјоделство од ИПАРД програмата во споредба со сите други земји во регионот“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања